Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошничка во јуни изнесувала 64.698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80.073 денари.
Зголемување од 733 денари има и кај храната и пијалоците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека за храна и пијалоци во јуни на едно семејство му биле потребни 23.167 денари.
„Имајќи ги превид горенаведените податоци, евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеци е зголемена за 2.007 денари, додека кај храната и пијалоците за два месеци има зголемување за 1.678 денари“, велат од ССМ.