понеделник, 29 декември 2025

ССМ доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) доби поддршка од Европската конфедерација на синдикати (ЕТУЦ) чии претставници попладнево пристигнаа во земјава, а за утре е најавена заедничка прес-конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Од Сојузот на синдикати попладнево информираа дека на средбата било разговарано за социјалниот дијалог во земјава и за почитувањето на работничките права за што претставниците на Европската конфедерација на синдикати следниот вторник ќе треба да реферираат за овие состојби во земјите кандидати за членство во Европската унија.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов ги информирал претставниците на Европската конфедерација на синдикатите за активностите што ги презема синдикатот за зголемување на минималната плата, како и за зголемување на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор и потребата од зголемување на сите плати во приватниот сектор со растот на минималната плата.

„Истовремено, информираше и за политичките притисоци врз ССМ и неговото раководство, недостатокот на социјален дијалог со неможноста синдикатите да имаат свој репрезентативен претставник во Економско – социјалниот совет од почетокот на годината, како и за упадите во синдикатите со цел истите да се оневозможат да се борат за зголемување на работничките плати“, се наведува во објавата на ССМ.

За случувањата во земјава, како што е наведено во објавата, ќе бидат информирани и европските институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ