понеделник, 15 декември 2025

ССКМ тврди дека поранешни членови подготвуваат незаконско преземање на Сојузот

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) денеска преку соопштени ги информира своите членки и јавноста дека, како што велат оттаму, се соочува со сериозен обид за незаконско и нелегитимно преземање на надлежности преку организирање на нелегално собрание.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Во изминатиот период, група поранешни членови, исклучени согласно Договорот за основање на ССКМ и одлуките на надлежните органи на Комората, доставија барање за свикување вонредно собрание. Барањето не беше поднесено согласно процедурите – не е доставено до седиштето на ССКМ, туку до веќе разрешената извршна директорка, преку приватна електронска адреса. Истото е потпишано од лица кои не се легитимни претставници на членки на Комората. Дополнително, при ова дејствување е користен фалсификуван архивски печат на ССКМ, фалсификувани исправи, а е злоупотребена и базата на податоци на Комората. Маиловите до членките биле испратени од украдени компјутери кои се сопственост на ССК – за што веќе се води постапка пред надлежните институции“, велат од ССКМ.

Против разрешената извршна директорка, Сузана Јаневска, Управниот одбор на ССК на седницата одржана на 10.07.2025 година поднесе кривична пријава до надлежните органи за повеќе кривични дела, злоупотреба на службената положба и овластување, фалсификување исправа и послужување во службата.

„ССК јасно укажува дека секое свикување на собрание, како и легитимноста на предлагачите и потписниците, мора да бидат во целосна согласност со Договорот за основање и процедурите на ССКМ. Секој обид за неовластено дејствување ќе се смета за намерно нарушување на угледот и функционирањето на Комората и ќе биде соодветно адресиран пред институциите. Ги повикуваме сите членки на ССКМ да бидат крајно внимателни, да не подлегнуваат на неофицијални и фалсификувани документи или комуникации, и да се консултираат со легитимните органи на Комората при секоја дилема. За сите постапки поврзани со овој случај веќе се води кривична постапка пред Министерството за внатрешни работи. ССК останува транспарентен, стабилен и посветен на заштитата на легитимитетот и интегритетот на институцијата, како и на интересите на сите свои членки. Комората ги охрабрува сите активни членки на соработка исклучиво преку легалните канали и органи на ССКМ“, се наведува во соопштението на ССКМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ