„Она што можеме да го потврдиме е дека полицијата трага по непознатите сторители кои се странци, кои го врзале и го возеле во неговиот автомобил барајќи му 20.000 евра. Возеле накај Рума, кога сообраќајната полиција се обидела да ги запре. Возилото удрило во банкина, киднаперите излегле од автомобилот и избегале.
Даниел потоа поминал неколку часа во полициска станица. Од она што го чув од Даниел во краткиот разговор, ми се чини дека многу смирено и храбро се соочил со киднаперите. Сега му е потребен мир и во интерес на полициската истрага нема да дава изјави.
Им благодариме од срце на сите добри луѓе кои се јавија и се грижат за него“, пишува Рашиќ.
Во меѓувреме и српското Министерство за внатрешни работи соопшти детали за киднапирањето во Белград на македонскиот пејач, Даниел Кајмаковски.
„Со координирана акција на полициски службеници на МВР, Управата за криминалистичка полиција, Службата за сузбивање на криминал и Службата за борба против тероризмот, жандармеријата, САЈ, Управата за сообраќајна полиција, Управата за гранична полиција, Одделот за сузбивање на имотни прекршоци и Полициската бригада, по потера по возило во кое двајца, засега непознати, сторители го киднапирале Д.К. (43) под закана со нож и пиштол во раните утрински часови во Белград, на улицата Караѓорѓева и му изнудувале пари, наведеното возило е запрено на територијата на општина Рума, во кое жртвата е пронајдена со врзани раце, додека сторителите успеале да го напуштат возилото и да заминат во непознат правец“, се наведува во соопштението.
Според српското МВР, на Даниел Кајмаковски му е укажана лекарска помош, на местото на настанот е спроведена истрага, а полициските службеници ја продолжиле потрагата по сторителите.
Вишото јавно обвинителство во Белград го квалификува кривичното дело како – киднапирање, а интензивна работа за понатамошно расветлување на кривичното дело е во тек.






