
„Како дел од заложбата за унапредување на инклузивноста во образованието, во училиштето е поставена и нова сензорна соба, посебно дизајнирана за средношколците со попреченост, која претставува мирно и безбедно катче, приспособено на специфичните потреби на учениците, со цел подобрување на нивното секојдневно функционирање во училишната средина“, соопшти Град Скопје.
Сензорната соба е дел од проектот на Град Скопје за опремување на сите 23 средни училишта во градот со сензорни соби.

„Проектот континуирано се имплементира, со активности и адаптација на просторот во функција на поддршка на учениците со попреченост. Град Скопје продолжува со нови инвестиции во средните училишта, а до почетокот на новата учебна година се предвидени и дополнителни инвестиции со што ја потврдуваме нашата посветеност кон создавање квалитетна, инклузивна и модерна средина за сите наши средношколци“, се наведува во соопштението.






