четврток, 26 март 2026

Средношколци на дијалог кај Сиљановска

„Средношколски дијалог со претседателката“. Вака беше насловен денешниот настан во вила „Водно“ на кој 40-тина средношколци од различни училишта разговараа со претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова за темите кои ги засегаат младите.

Објавено на

часот

Сподели

Се разговараше за чувството на безбедност, како во училиштата, така и надвор од нив, за медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат средношколците денес.

Ова е прва средба на Сиљановска-Давкова со средношколците, но таа вети дека  нивните средби ќе зачестат. Сиљановска ги покани средношколците да бидат редовни гости во просторот на „Рекорд“ кој некогаш беше Народна канцеларија.

Средбата беше организирана од Советот за млади при кабинетот на претседателката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ