среда, 28 јануари 2026

Средните државни училишта во Гостивар остана без К-15

Над 400 вработени во средните училишта во општина Гостивар речиси еден месец чекаат на регресот за годишен одмор, информираат од гостиварскиот огранок на СОНК.

Објавено на

часот

Сподели

Тафа Амети, претседател на РО на СОНК Гостивар појаснува дека претседателите на синдикалните организации пред две недели (14.01.2026 година), доставиле писмени дописи со опомени пред тужба до училишните управи и општина Гостивар, а до трудовиот инспектор и жалба.

„До денешен ден немам повратна информација и како синдикат размислуваме да преземеме соодветни правни чекори. Баравме прием за разговор со градоначалникот. Во план ни е да имаме предупредувачки бојкот на наставата, протести или тужба до Основен Суд Гостивар, секако во договор со членството ќе одлучиме за соодветниот чекор“, изјави Амети.

Според првиот синдикалец овој паричен додаток не е исплатен само во четирите средни државни училишта (СОУ Гостивар, ОСТУ Гостивар, СОМУ Гостивар и СЕОУ Гостивар).

Регресот за годишен одмор е обврска пропишана со закон и треба да им биде исплатен на сите вработени. Средствата за вработените во образованието ги државата, преку блок-дотациите кои на месечна основа треба да бидат исплатени на општините и самите општини од своите буџетски средства. Тој според последните пресметки изнесува околу 12 илјади денари.

„Вработените во образование во средните училишта се единствени во државата кои не можат да го остварат ова законско право. Затоа апелирам до МОН да ги пушти предвидените средства, а општината својот дел. На тој начин и наставниците ќе ги добијат парите“, вели Тафа Амети, претседател на РО на СОНК Гостивар.

За проблемот кој настанал со исплатата на К-15, од Општина Гостивар велат дека Министерството за образование и наука ги нема уплатено блок-дотациите за средните училишта. Од локалната самоуправа потврдија дека вработените во основните училишта го примиле додатокот во декември. За настанатиот проблем веќе се барало решение на состанок минатата недела, рекоа од општина.

Последните два месеци од минатата година со локалната власт раководеше владин повереник, се до избор на нов градоначалник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ