недела, 7 декември 2025

Средби на Муцунски со генералниот секретар на ПССЕ, Деспина Шацивасилиу, и со вицегувернерот на Банката за развој на СЕ, Томаш Бочек

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата со Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Со вицегувернерот Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност, соопшти МНР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ