На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, е разговарано за продлабочување на соработката и можностите за интензивирање на комуникација меѓу двата парламенти.

Претседателот Гаши нагласил дека особено ја цени значајната улога на парламентарната дипломатија, како суштински елемент во градењето мостови меѓу земјите и народите, особено во време на глобални предизвици. Тој упатил покана спикерот на Советот на Шурата следната година да оствари официјална посета на нашата земја во рамките на одбележувањето на 30 години дипломатски односи меѓу двете држави.
„Двајцата соговорници се согласија дека Групите за пријателство и соработка што постојат во двата парламенти можат да бидат додадена вредност во размената на искуства и знаења за законодавството од областа на економскиот развој, енергетиката, дигитализацијата како и климатските промени“, пишува во соопштението.
Гаши во Доха се сретнал и со генералниот секретар на Врховниот комитет за испорака и наследство на Катар, Хасан Ал Тавада, задолжен за развој на филмската индустрија. Како што се наведува во собраниското соопштение, со цел поголем развој на културни и креативни индустрии, државата Катар ја отвора можноста за инвестирање и поддржување на филмови и медиумски проекти како дел од долгогодишна визија за Катар.
Двајцата соговорници, се наведува, се согласиле дека соработка меѓу филмските институции и фестивали на двете држави, преку заеднички продукции, поддршка на млади продуценти и режисери може да придонесе за збогатување на креативниот потенцијал на двете држава.






