недела, 14 декември 2025

Средба Тошковски – Агелер: Потврдена силната поддршка од САД за реформите во МВР

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер. Средбата, како што информира Тошковски преку социјалните мрежи, била искрена и содржајна, со фокус на унапредување на билатералната соработка.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката определба за јакнење на институциите и модернизација на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, напиша министерот на својот Фејсбук-профил.

Тој додаде дека партнерството со САД носи силна поддршка за реформите во МВР, насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ