„Во рамки на разговорите беа разгледани можностите за евентуална идна соработка во области од заемен интерес, со цел поддршка на стопанството, настап на трети пазари, регионална соработка и креирање услови за одржлив економски раст. Средбата помина во конструктивна атмосфера и посебно беше истакната подготвеноста за понатамошна соработка, нагласувајќи ја важноста на отворениот дијалог и континуираната комуникација како основа за изнаоѓање практични и избалансирани решенија“, инфомрираа од Кабинетот на потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ.
Средба Стоилковиќ-Алиу: Oтворениот дијалог e основа за изнаоѓање практични решенија
Потпретседателот на Владата, Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со в.д. претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), Нухи Алиу. На средбата била презентирана работата на Комората, нејзините тековни активности и идни планови, при што била направена размена на искуства во насока на унапредување на економскиот развој, подобрување на деловната клима и поттикнување на регионалниот развој.

Објавено на
часот





