вторник, 22 јули 2025
Комерцијален текст

Средба со европски експерти од осигурителниот сектор

Ни беше голема чест да бидеме дел од овогодишната средба на европските експерти од осигурителниот сектор. Оваа средба беше организирана во Македонија, Охрид, каде што можевме да слушнеме стручни мислења од врвни експерти.

Објавено на

часот

Сподели

Темите за кои се дискутираше на средбата беа од укажувањето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и тоа: анализа на ризик, објавување на стапки за брокеража, нееднаква положба на осигурително-брокерските и другите посредници во осигурувањето, примена на ИДД, за финансиски омбдусман, учество на брокери во јавните набавки, размена на искуства од повеќе земји и најновите трендови во осигурувањето.

Целта беше да се добие поширока слика за проблемите со кои се соочува пред сѐ осигурително-брокерското работење во Македонија, но и пошироки теми, кои се однесуваат на усогласувањето на работењето со европските стандарди и директиви.

Претставници од земјите-членки на ЕУ

  • Nic De Maesschalck – претседател на БИПАР и член на Insurance and Reinsurance Stakeholder Group – EIOPA
  • Karel Van Hulle – креатор на директивата Solvency II
  • Raminta-Zimkute-Pinele– претставник на Литванската асоцијација на брокерски друштва.

Учесници што ги споделија своите искуства на работењето во осигурителниот сектор во Македонија беа:

  • Александар Атески – Флекс Брокер
  • Никола Шарковски – Минт – инс
  • Д-р Оливера Клинчарова – Делта ИНС Брокер АД Скопје, која воедно е и претседателка на Асоцијацијата на брокерски друштва.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ