Како што информира Сали преку објава на Фејсбук-профилот, на средбата ја потврдил својата цврста посветеност, како и посветеноста на Владата, кон процесот на европска интеграција.

„Европската агенда и реформите поврзани со неа остануваат врвен приоритет со фокус на зајакнување на институционалните капацитети, градење доверба кај граѓаните и континуирана соработка со Европската Унија за ефикасна имплементација на реформите. Продолжуваме посветено по европскиот пат“, напиша Сали.






