„Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, Австрија се вбројува како еден од најголемите инвеститори во Македонија, а во таа насока соработката се темели на доверба, пријателски односи меѓу земјите и поволните услови за инвестирање“, информираат денеска од Министерството за транспорт.
Вицепремиерот Николоски на средбата посочил дека Македонија е влезена во силен инвестициски циклус во развој на инфраструктурата и модернизација на транспортните коридори. Во таа насока го презентирал проектот за брза пруга на коридот 10, економските и транспортни бенефти од реализација на овој проект за регионот и Југоисточна Европа.
Од министерството велат дека вклученоста на Австрија во овој регионален проект ќе ги поттикне економските перспективи на регионот, потенцирал вицепремиерот Николоски и додаде дека истиот ќе придонесе за стабилизација, брз и сигурен транспорт на добра и патници.
На средбата се разговарало и за реализација на заеднички инвестиции во гасоводната мрежа, економските политики на владите, а биле разменети и мислења и во однос на актуелните политички случувања и нивното влијание врз регионот.






