На средбата, соопштија денеска од Министерството за транспорт, се разговарало за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.
Николоски ги истакнал плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.
„Тој потенцираше дека проектите што ги опфаќа инвестицискиот план на Владата на Република Македонија, покрај развој на домашната економија имаат и регионално значење, а придобивките од нив се повеќекратни за земјите од Западен Балкан“, се наведува во соопштението.
На средбата биле разменети информации околу потенцијалната соработка меѓу двете земји и подршката што може да ја обезбеди оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.
Како што стои во соопштението било истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.
Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.