Во фокусот на разговорите беа важни и клучни прашања за понатамошната соработка, во делот на развојната и техничка помош која јапонската влада во континуитет ја дава на Македонија преку финансирање на проекти и програми во разни области.
Министерот Муцунски истакна дека Јапонија е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава, со вкупна помош која надминува 430 милиони евра. Тој изрази искрена благодарност за долгогодишната поддршка и партнерство, нагласувајќи дека Јапонија оставила траен позитивен белег во институционалниот, економскиот и општествениот развој на државата, соопшти Министерството за надворешни работи на Македонија.
Во рамки на работната посета на Јапонија, министерот Муцунски, во Токио оствари средба и со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација (JETRO).
Како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, досегашната соработка и можностите за нејзино продлабочување преку конкретни активности и иницијативи за поврзување на бизнис заедниците од двете земји биле во фокусот на средбата.
Министерот Муцунски истакнал дека Јапонија е значаен економски партнер на Република Македонија, при што додал дека нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка.