Како што објави на неговиот Фејсбук-профил, министерот Мисајловски на полковникот Домјанчиќ му се заблагодарил за досегашниот ангажман и како доајен на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Македонија и во одржувањето и унапредувањето на билатералните односи помеѓу двете министерства и армии и му посакал добро здравје и успех на новата работна задача.
„Нашата соработка на билатерален и на регионален план во континуитет бележи нагорен тренд“, напиша Мисајловски на Фејсбук.