недела, 18 мај 2025

Средба на Мицкоски со лидерите од Вреди

Вечерва во просториите на Владата се одржува состанок помеѓу Христијан Мицкоски, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ и претставници од коалицијата Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Нема официјални информации за темата на средбата, но таа се случува по случувањата во коалицијата и изјавата на Арбен Таравари, лидер на едното крило од Алијансата за Албанците, дека неговата партија на следните локални избори ќе настапи самостојно. Оваа одлука претставува отстапување од претходно договорениот став коалицијата да настапи со заеднички кандидати и листи.

Средбата, според информациите од Владата, поминала во конструктивна амтосфера, пријателски и партнерски дух. Се разговарало за сите реформски прашања, за борбата против криминалот и промените во системот што го оставиле СДСМ и ДУИ. Од Владата информираат дека разговорите продолжуваат.

Вчера Мицкоски имаше средба со Таравари која заврши без епилог. По средбата немаше одговор на прашањето дали крилото на Алијанса за Албанците ќе остане во владината коалицијата или излегува надвор од власта.

Владините извори информираа дека разговорите продолжуваат и во текот на овој месец по што ќе се знае иднината за функционирањето на Алијанса за Албанците. Мицковски претходно оцени дека за Таравари има само две опции – со власта или со ДУИ. Тој порача дека и со и без АА, Владата ќе биде стабилна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ