вторник, 10 јуни 2025

Средба на Комунистичката партија на Кина со Левица во Скопје

Делегација на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, ја посети централната канцеларија на Левица во Скопје. Во рамките на посетата, беше остварена и работна средба помеѓу Президиумот на Партијата, на чело со претседателот проф. д-р Димитар Апасиев и кинеските претставници, при што во фокус беше размената на искуствата и идеолошкото зајакнување на меѓусебната соработка, соопшти Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа важна официјална средба отвора врати за идна стратешка соработка. Посетата претставува значаен чекор кон продлабочување на братските односи со Комунистичката партија на Кина и кинескиот народ, врз основа на заемно почитување, еднаквост и заеднички визии за иднината. Остануваме посветени кон унапредување на дијалогот, интернационализмот и солидарноста помеѓу сите народи на светот, што е суштински дел од нашата надворешно-политичка стратегија во услови на еден нов мултиполарен свет“, соопшти Левица.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ