вторник, 7 април 2026

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата.

Објавено на

часот

Сподели

„Целосната дигитализација на работењето на Собранието, присутните го поздравија, имајќи го предвид неговото значење во градењето на државата, особено за седниците на Собранието за периодот од 1991 година до 2002 година, со оглед на тоа што за овој период видео записите ги има само МРТ. Господинот Петковски го поздрави ваквиот однос и предложи во процесот да биде вклучен и Државниот архив, како институција основана за таа намена, а господинот Вељаноски напомена дека Собранието мора да има одговорен однос кон зачувувањето на целокупниот материјал од седниците за неговото работење. Во прилог на ова претседателот Гаши и Митрески напоменаа дека Советот на Собранискиот канал, исто така во рамките на своите надлежности може даде свој придонес во овој процес“, соопшти собраниската прес-служба.

Во однос на колективните договори на државните универзитети и на високото образование во целина,  присутните, како што стои во соопштението, напоменале дека Собранието мора да овозможи високо образовани што ќе продуцира квалитетен кадар потребен на државата во разни области: здравство, образование, стопанство, општествен дејности и слично.

„Целосните реформи во високото образование се предизвик на Собранието, за донесување квалитетен закон за високо образование, кој ќе биде во интерес и на професорите и на државата и ќе нуди одржливи решенија што нема да се менуваат зависно од промената на власта. Беше посочено дека треба многу да се внимава при колективното договарање за да се избегнат можностите од погрешно толкување и Собранието да биде вклучено во колективно договарање за институции за коишто не се однесува Законот за работните односи. Беше посочено дека постојниот Етички кодекс скоро и да не се примени во пракса, па затоа донесување на нов етички кодекс се оцени како можност за зголемување на интегритетот на пратениците и на Собранието и за зајакнување на довербата на јавноста во функцијата пратеник“, информира собраниската прес-служба.

Гаши ја искажал и идејата преку формирање на советодавно и консултативно тело да се обезбеди континуитет на институционалната меморија на Собранието, во функција на унапредувањето на парламентарната практика и демократијата. Ги замолил присутните да дадат свои видувања и напомена дека оваа идеја ќе ја сподели и со претседателите на Собранието што не биле присутни на денешната средба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ