Настанот, соопшти општина Кисела Вода, го потврдува цврстото партнерство и заедничките заложби за креирање модерни услови за живот на граѓаните.
За време на работниот состанок, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги презентираше клучните капитални инвестиции и стратешките приоритети на локалната самоуправа. Посебен акцент беше ставен на инфраструктурниот развој, унапредувањето на општинските услуги, како и на креирањето инклузивни политики кои гарантираат стабилност и просперитет за сите жители на Кисела Вода.
„Поддршката од Соединетите Американски Држави е од суштинско значење за јакнење на капацитетите на локалните институции и за спроведување на процесите кои водат кон унапреден животен стандард. Оваа средба е силен мотив за понатамошно продлабочување на нашата соработка, преку размена на добри практики и реализација на проекти кои значат сигурна иднина за нашата заедница“, истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.
Посетата на амбасадорката Варнс е уште еден силен показател за важноста на континуираната комуникација и партнерскиот однос, кои директно придонесуваат кон севкупниот напредок и развој на општината, стои во соопштението.






