„Разговаравме за конкретни чекори за продлабочување на соработката, со акцент на области од значење за економскиот развој, како инфраструктурата, образованието и здравството, како и други сегменти од взаемен интерес“, напиша Муцунски на својот Фејсбук профил.
Тој додава дека на средбата се осврнале и на тековната динамика на билатералните односи, при што била потврдена заедничката подготвеност за нивно понатамошно унапредување.
Соговорниците рзмениле ставови за актуелните геополитички предизвици, со особен фокус на состојбите на Блискиот Исток, стои во соопштението.






