На средбата, како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор.
„Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство. Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој“, се вели во сооопштението.
Средбата на Муцински со Ѓорѓиевски е во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот.






