„Двете земји имаат долга историја на соработка, уште од нашата независност, три децении почит и соодветна комуникација. Кина како втора светска економска сила, е најголемиот трговски партнер на нашата земја надвор од Европа. Во Собранието традиционално се формира пратеничка група за соработка со Кина, која претставува линк меѓу парламентите на двете држави“, посочил Гаши на средбата.

Во соопштението се наведува дека соработката се одвива на сите полиња, како економија, инфраструктура, бизнис, образование, култура, спорт, а во насока на продлабочување на истата во корист на граѓаните, се и заложбите и иницијативите на амбасадорката Сиаојан.
Кинеската амбасадорка пренесе покана до претседателот Гаши за посета на Кина од страна на претседателот на Сенародниот кинески конгрес, што беше прифатено и оценето како огромна придобивка во зајакнувањето на парламентарните односи, посочуваат од Собранието.






