Како што е наведено во соопштението на надлежното министерство, посебен акцент за време на билатералната средба беше ставен на подобрување на размената на знаења и технологии во областа на земјоделското производство, како и на зајакнување на партнерските односи преку заеднички проекти и регионални иницијативи.
Двајцата министри постигнаа договор надлежните министерства да продолжат со интензивна комуникација со цел развој на одржливо и конкурентно земјоделство кое ќе придонесе за економскиот напредок на целиот регион.
Во соопштението се додава дека министрите разговарале и за важноста на поддршката на младите земјоделци како носители на развојот на земјоделскиот сектор, нагласувајќи дека охрабрувањето на младите луѓе да се вклучат во земјоделското производство е клучот за модернизација и оживување на руралните средини во Србија, регионот и светот.
Исто така, Гламочиќ го покани својот колега да ја посети Србија, а Македонија да учествува на овогодинешниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на отворениот Балкан“, што ќе се одржи во ноември во Белград, што и од македонска страна беше потврдено.
Министерот Трипуновски истакна дека овој меѓународен саем е одлична можност за промоција на квалитетни македонски вина и дополнително зајакнување на соработката на винската индустрија на земјите од регионот.
Гламочиќ е во посета на Македонија, како член на делегацијата на Владата на Република Србија, предводена од премиерот Ѓуро Мацут, а заедно со него во делегацијата е и министерката за внатрешна и надворешна трговија, Јагода Лазаревиќ.






