недела, 11 јануари 2026

Според ВМРО-ДПМНЕ нивниот кандидат Јакупоски победи во Маврово и Ростуше

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски веќе прогласи победа на кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Онер Јакупоски во Општина Маврово и Ростуше на денешните повторени избори.

Објавено на

часот

Сподели

По обработени над 84 отсто од избирачките места, Јакупоски убедливо води пред Анес Ахмети од СДСМ и коалицијата.

„Честитки за новоизбраниот градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски. Благодарност за претседателот на ОК, членовите на ОК, претседателите на месни комитети како и на пратеникот кој безрезервно се вложија за овој успех. Ви посакувам успешен мандат, исполнет со мудри одлуки, одговорно лидерство и посветена работа во интерес на сите граѓани. Верувам дека со визија и искрена посветеност ќе придонесете за развојот, напредокот и благосостојба на Маврово и Ростуше“, напиша Сајкоски на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ