Врз основа на советите на американската администрација, американскиот весник Њузвик советите за патувања ги поделил на четири нивоа, секое од нив го одразува степенот на претпазливост што патниците треба да го покажат при патувањето во одредена земја.
Нивото 1 е најниското ниво на тревога и за оние Американци кои патуваат во земјите означени со ова ниво се препорачува „преземање нормални мерки на претпазливост“. Токму во оваа група на земји е и Македонија. Во листата, земјите се наведени по азбучен ред согласно американскиот јазик, а не по степенот на ризичност на земјата. Освен Македонија, во оваа група земји спаѓаат и Аруба, Австралија, Австрија, Бермуди, Бутан, Бугарија, Канада, Кајмански Острови, Курасао, Чешка, Естонија, Фолкландски Острови, Фарски Острови, Финска, Француска Полинезија, Гибралтар, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Јапонија, Казахстан, Латвија, Луксембург, Монако, Монголија, Нов Зеланд, Норвешка, Полска, Португалија, Катар, Романија, Свети Винсент и Гренадини, Словачка, Словенија, Јужна Кореја, Суринам, Швајцарија, Тајван, Туркменистан, Узбекистан, Вануату, Виетнам и Замбија.
Некои земји под предупредување од ниво 1 се наведени и како земји со „повисок безбедносен ризик“. Овие земји не се вклучени во горенаведената листа, но ги вклучуваат Аргентина, Хрватска, Грузија, Парагвај, Сенегал…
За сите земји под предупредување од нивото 2, на Американците им се советува да „покажат зголемена претпазливост“, што може да биде резултат на голем број фактори, како што се зголемен ризик од криминал, киднапирање, тероризам, проблеми со здравствените услуги и други. Во оваа листа спаѓаат, Албанија, Ангола, Босна и Херцеговина, Боцвана, Чиле, Кина, Костарика, Куба, Доминиканска Република, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Франција, Германија, Гренланд, Гвинеја, Италија, Малави, Мароко, Намибија, Холандија, Република Конго, Сан Марино, Србија, Сиера Леоне, Соломонски Острови, Јужна Африка, Шпанија, Шри Ланка, Шведска, Источен Тимор, Бахамите, Гамбија, Обединети Арапски Емирати, Обединето Кралство, Уругвај и Зимбабве.
Некои земји од ова ниво се наведени и како земји со „повисок безбедносен ризик“ и не се вклучени во листата што ја составил Њузвик, а тоа се земјите, Алжир, Боливија, Бразил, Камерун, Еквадор, Перу, Саудиска Арабија, Тунис…

Земји како Непал, Тринидад и Тобаго, Танзанија и Никарагва, Гвинеја-Бисао, Гвајана и Уганда се на листата означена како ниво 3. Причините за зголемена претпазливост се движат од криминал и граѓански немири до загриженост за здравствените услуги. Дополнително, земји како Нигерија и Колумбија, исто така, се соочуваат со повисоки предупредувања за безбедносен ризик во оваа категорија. За патување во овие земји на американските туристи им се препорачува да ја преиспитаат својата одлука за патување таму.
Некои земји под предупредување од ниво 3 се наведени и како земји со „повисок безбедносен ризик“. Овие земји не се вклучени во горенаведената листа, но ги вклучуваат Чад, Колумбија, Етиопија, Нигерија, Пакистан и други.
За сите земји под предупредување од ниво 4, највисокото издадено предупредување, на Американците им се советува воопшто да не патуваат таму, бидејќи ризиците за нивната лична безбедност се особено високи. На земјите каде што има тековен конфликт покрај другите ризици често им се дава предупредување од ниво 4. Дестинациите опфатени со ова предупредување почнувајќи од 2026 година се Авганистан, Белорусија, Бурма, Централноафриканска Република, Иран, Ирак, Либија, Мали, Нигер, Русија, Сомалија, Јужен Судан, Судан, Сирија, Украина и Венецуела.
„Стејт департментот проценува широк спектар на фактори пред да издаде совети. Тука спаѓаат стапките на криминал, заканите од тероризам, граѓанските немири, пристапот до здравствена заштита, природните катастрофи и актуелните настани. Со информирање на Американците, овие совети не само што го насочуваат безбедното патување, туку им помагаат на патниците да разберат специфични локални ризици. Советите за патување не се статични. Како што се менуваат глобалните услови, Стејт департментот ќе продолжи да ги ажурира своите препораки во текот на 2026 година. Патниците се охрабруваат да ги консултираат најновите совети пред да планираат или да се впуштат во меѓународни патувања, обезбедувајќи побезбедно и поинформирано патување во странство“, заклучува Њузвик во својата објавата за мапата на (не)безбедни земји.






