среда, 10 декември 2025

СПМ со поддршка на синдикатите да ја зачува зградата која е изградена со самопридонес на работниците

Социјалистичката партија на Македонија изразува поддршка на ССМ во напорите да ја зачува зградата која е изградена со самопридонес на работниците.  За СПМ е неразбирливо зошто Врховниот суд одлучил спротивно на досегашните одлуки и спротивно и на одлуката на Уставниот суд од 1992 год.

Објавено на

часот

Сподели

Социјалистичката партија на Македонија смета дека партизираното судство по којзнае кој пат донесува одлука која се темели на интересите на некој самонабедени малограѓански елити од ДУИ СДС, како главни виновници за новото пљачкосување на македонските работници.

Го повикуваме Врховниот суд, да го искористи правото за преиспитување на сопствената одлука, да ја преиначи и да го намали срамот кој самиот си го нанесе.
Крајно време е да се врати владеењето на правото и на правната држава.

Порачуваме дека после 8-ми мај, новата влада ќе пристапи кон донесување на конкретни решенија во насоки на враќање на правдата во Македонија, соопшти Социјалистичката партија на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ