СДС во врховистички занес упорно инсистира на прифаќање на предавнички документ што го нарекува резолуција за да се амнестираат неговите раководства од велепредавството што го направија и за закочувањето на пристапувањето на Македонија кон ЕУ.
Со неразумна и антинационална политика СДС и ДУИ ја доведоа државата во подредена позиција во однос на соседите и ги запреа напредокот и развојот.
Појавувањето на лидерот во сенка и политички и секаков криминалец Зоран Заев, кој во медиумите настапува во одбрана на СДС и Филипче, е доказ дека се уплашени од злосторството што го направија и за тоа што им следува како предваници на народот.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека секој што правел криминали и злодела и сеуште се обидува да ги прави неизбежно е судски да одговара, на што СПМ особено ќе внимава. Граѓаните се свесни, знаат и не прифаќаат лаги и манипулации што ќе се потврди со гласањето на изборите и со масовната излезност и поддршка на единствената и вистинска македонска опција Твоја Македонија, соопшти СПМ.






