„Социјалистичката партија на Македонија потсетува дека во изминатите 20 години Република Македонија направи отстапки кои не се побарани од ниту една друга држава за да стане земја членка на ЕУ. И покрај, тоа на Македонија ѝ се наметнуваат нови билатерални прашања кои се под форма на европски барања, а кои не се содржани во Копенхагеншките критериуми за прием во ЕУ. Таквиот однос отстапува од досегашната пракса на прием на држави членки во ЕУ кои имаа многу посериозни проблеми во периодот на приемот, но од нив не беа побарани никакви отстапки.
Социјалистичката партија на Македонија повторно напоменува дека никој нема право да тргува со македонскиот идентитет со историјата и македонскиот јазик. Македонскиот народ бара ваквиот понижувачки однос од одредени домашни политички партии и од некои земји членки на ЕУ да престане и да започнат преговорите со меѓусебно почитување и разбирање.
Социјалитичката партија на Македонија укажува дека прием во ЕУ по секоја цена е неприфатлив за македонскиот народ, кој е горд на своите достигнувања и својот идентитет и култура.
Преговори под услови на уцени и со најави за идни блокади, без било какви гаранции согласно критеруимите од Копенхаген не се прифатливи“, велат од Социјалистичката партија на Македонија.
Македонските социјалисти укажуваат на јасно изразената волја на гласачите на минатогодишните парламентарни избори за заштита националните и државни интереси и заштита на достоинството на македонскиот народ.