понеделник, 8 декември 2025

СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат раздор и поделба на државата

Социјалистичката партија на Македонија не е изненадена од безобѕирната реторика што деновиве ја нудат лидерите на СДС и ДУИ во предизборните настапи и говори.

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо предлози, проекти и визија за иднината на земјата и на граѓаните во локалните заедници тие предлагаат насоки за уништување, раздор и поделба на државата. Наратив кој е добро познат на македонската јавност.

Со празни и дрски говори и настапи, без идеи и најави за раст и развој, тие се натпреваруваат кој полошо да каже и да ја навреди државата и народот во Македонија.

Со безобѕирни лаги и клевети се трудат да го свртат вниманието од криминалите и злоделата што ги правеа и кои се уште се обидуваат да ги прават и да не одговараат.

Прочитани се СДС и ДУИ и не можат да очекуваат доверба за лица и партии кои немаат знаење и капацитет да управуваат, но затоа се вешти во манипулациите и лажењето на граѓаните.
Сведоци сме на целосно антимакедонско разголување и партиска демонтажа на политички опции во распаѓање.

Социјалистичката партија на Македонија повикува на масовна излезност и поддршка на единствената и вистинска Македонска опција ‘Твоја Македонија’, коалиција која единствено се потврди со остварени проекти и политики во интерес на граѓаните и државата“, се вели во соопштението на СПМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ