„Наместо очекувањата на ЕУ земјава да го исполни договореното за да ги започне преговорите за членство, Македонија очекува ЕУ да ги почитува и да ги исполни сопствените критериуми од Копенхаген.
Прилично лесно се изречени несериозните одговори на Кошта дека повеќе нема да има нови билатерални барања од Бугарија по вметнувањето на Бугарите во Уставот.
Ќе потсетиме дека во изминатите 25 години и повеќе Македонија редовно слушаше неискрени и лажни изјави од ликови на кои македонската држава и народ им служеа единствено како средство за остварување на личните и поинакви амбиции. Оттаму впечатокот и за високиот гостин за неговиот потценувачки сарказам и неискреност, кои во најблага форма би се свел на негова неупатеност од што ќе произлезе оценката за бесполезност и неуспешност на неговата посета.
Почитуваниот господин Кошта, невнимателно игнорирајќи го историскиот контекст, отворено застана зад одредени империјални интереси, стотици години стари, и зад негаторскиот и антимакедонски однос на источниот сосед, како нивни производ и како крајна цел на една политика против која во денешно време најмногу ЕУ се спротивставува и бори, наводно.
Цврсто стоиме зад решителноста и децидноста на македонската Влада во одбивањето на неразумните и антицивилизациски бугарски ставови и зад принципиелноста во одбраната на македонските позиции, односно македонските црвени линии.
Продолжувањето на преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ е потребно да се одвива на релација Скопје-Брисел или во непосреден дијалог на највисоките авторитети на Македонија и ЕУ“, се вели во соопштението на СПМ