понеделник, 8 декември 2025

СПМ: Изјавите од ДУИ имаат наратив на поделби и повторно создавање етнички тензии

Последните изјави кои доаѓаат од Демократската унија за интеграција соддржат наратив на поделби и повторно создавање на етнички тензии. Најмалку во ДУИ можат да бидат загрижени за евроинтегративниот процес на Македонија. Не можат, затоа што како тиранин повеќе од 20 години безочно владееја со Македонија крадејќи ги сите нејзини ресурси и злоупотребувајќи ја власта, се вели во соопштението од Социјалистичката партија на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Притоа тие имаа можност да покажат колку се европски, а не криминално ориентирани, сметаат од СПМ.

„Оваа партија на бизнисмени се наоѓа пред понесување на одговорноста за сите криминали кои ги направи во претходниот период. За спас од одговорноста таа излезот го наоѓа во сеењето омраза и поделби, отворено најавувајќи сценарио на сецесионизам.

И во опозиција ДУИ, жедна за власт и за спас од одговорноста, постапува противуставно со најавата на поделба на државата. В очи на почеток на кампањата за локалните избори, наместо за проблемите во локалната самоуправа со кои најнепосредно се соочуваат граѓаните, тие отвораат глобални теми, наместо понуда на идеи и проекти од ДУИ нудат концепт на поделби и разградувања“, реагираат од СПМ на кампањата на ДУИ пред локалните избори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ