недела, 6 април 2025

Спиропали: Важно е местото на Македонците во албанското општество

Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и културно наследство, напиша на Фејсбук претседателката на парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, по средбата со Сефер Сефери, претседател на разгранокот на МАЕИ за Каваја, кој по потекло е од Голо Брдо.

Објавено на

часот

Сподели

„Каваја е дом на значителен број Македонци со потекло од областа Голо Брдо, кои низ генерации ја чуваат својата културна и национална припадност. Оваа посета е потврда за нивното место во албанското општество и значењето на нивниот придонес во локалната заедница“, пишува во објавата.

Спиропали, како што наведува, минала пријатни мигови и во друштво на пошироката  фамилија  на Сефери, за која  оценува дека е „приказна за успех, интеграција и напредок”.

Според неа, Сефери се сложна фамилија, која со својата работа во градежништвото ја зајакнале локалната економија, создале можности за вработување на жителите од околината и придонеле за поразвиена Каваја.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ