Имено, ова овластено друштво за собирање и рециклирање на текстилен отпад, ќе постави ваков тип на контејнери во сите десет основни и сите четири градинки натериторијата на локалната самоуправа. Првиот човек на Општината, Стевчо Јакимовскиистакна дека на овој начин, сите граѓани, ќе можат да ги одложуваат своите стари и непотребни алишта во овие наменски и специјализирани еколошки контејнери, наместо да ги оставаат во класичните контејнери кои се наменети за селекција на ѓубрето кое се создава во домовите на граѓаните.
„Упатувам апел до сите карпошани, непотребната облека, и сите текстилни материјали, кои им зафаќаат простор во домовите, а сакаат да се ослободат од нив, да ги одложуваат во овие специфични и наменски контејнери, за потоа истите преку рециклирање да имаат упоребна вредност. Од друга страна, неодамна во една акција за чистење на т.н дива депонија во населеното место Злокуќани, бевме сведоци, дека огромен дел од насобраниот шут и смет, беше токму текстилна облека од несовесни граѓани кои ја фрлиле на јавна површина. Затоа сега, кога веќе преку соработка со ова друштво, обезбедуваме специјализирани еколошки контејнери, граѓаните имаат можност токму во нив да ги одложуваат старите и износени парчиња облека или друг вид на текстилен материјал“, нагласи Јакимовски.
Општина Карпош и во иднина ќе работи на изнаоѓање на креативни решенија со кои ќе се унапреди соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓаните, во подигнување на свеста за селекција и рециклирање на разни видови на отпад, се со цел хигиената и чистотата на територијата на Општината да биде издигната на завидно ниво.






