понеделник, 2 јуни 2025

Специјализанти се вработуваат по партиски клуч, обвинува Левица

Помпезните најави на власта дека конечно ќе се реши статусот на приватните специјализанти очигледно се претвори во уште едно партиско калкулирање, обвинија денеска преку соопштение од Левица.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите кои пристигнале до Левица, наместо специјализанти кои се во петта година, се примале специјализанти од втора и трета година, само поради нивните партиски заслуги.

„Таков е случајот со вереницата на претседателот на УМС и пратеник од ДПМНЕ, Сергеј Попов, која е примена на Клиниката за гинекологија пред специјализанти кои се во завршната година. До Левица пристигнаа бројни поплаки од специјализанти во завршна година кои се одбиени, само поради тоа што немаат партиски заслуги кон актуелната елита на власт“, велат од Левица.

Од партијата велат дека недозволиво е во здравството партиската припадност да биде приоритет пред компетентноста.

„Ова ли е револуционерното решение, со кое се фали Владата, дека прв пат во историјата на државата ќе се вработат неколку стотини доктори кои веќе се на специјализација?! Дали се почитува мерит-системот и ранг листите или повторно конкурсите за вработување се само форма за вработување на “партиските” деца, додека останатите ќе бидат приморани да се иселуваат во странство или да се вработуваат по приватните болници? Дали јавното здравство е привилегија само за децата на владини функционери и моќници кои ја контролираат власта?! Една од главните заложби на Левица е укинување на дискреционото право на директорите при вработување, затоа што очигледно е дека младите и квалитетни кадри во вака поставениот систем не можат да им конкурираат на привилегираните деца, не поради квалитетот во знаењето и вештините – туку поради недостатокот на врски, партиски книшки и моќни роднини“, се наведува во денешното партиско соопштение на Левица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ