Евакуацијата на македонскиот планинар се врши откако е активиран тимот за заштита на планини на Дирекцијата за заштита и спасување, а вклучени се Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи и други субјекти.
Според процедурата за заштита во планинаски предел, најнапред тимот ќе го извлече планинарот на безбедно место, а потоа во придружба на лекар ќе биде евакуиран, за што од ДЗС побараа поддршка од полициски хеликоптер и специјалци од полициските сили Тигри.






