Во изјава раководителот на спасувачкиот тим Петар Нолев, истакна дека акцијата беше брзо и професионално изведена, откако беше активиран тимот за заштита на планини на Дирекцијата за заштита и спасување.
„Акцијата за спасување, односно евакуирање на македонскиот средовечен планинар ја реализиравме со соработка со наша четирчлена екипа оспособена за спасување на лица во планина и со поддршка на професионалци од ЈУ Национален парк „Пелистер“, Центар за управување со кризи и полициски службеници од МВР. Повредениот планинар го лоциравме кај камењарот, на исклучително тежок терен. Акцијата се одвиваше повеќе од еден час и успешно заврши, а планинарот со хеликоптер беше пренесен во Битола, а потоа и во здравствена установа за укажување лекарска помош“, посочи Нолев.
Утрово на Пелистер повреден македонски планинар побарал помош која Дирекцијата за заштита и спасување ја обезбеди со директен ангажма и со поддршка од полициски хеликоптер и специјалци од полициските сили Тигри.






