среда, 17 декември 2025

Советот на Тетово повторно го суспендира планот за изградба на згради кај ШИК

Советот на Општина Тетово денеска четврти пат изгласа суспензија за детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57 (57А). Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, а се однесува на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) Јелак каде се предвидени да се градат дваесетина згради за домување и трговски центри. Ваква суспензија за овој блок беше направена во декември 2021 година, 31 март 2023 и 13 октомври 2023 година.

Објавено на

часот

Сподели

Според претседателот на Советот Бесар Дурмиши, Општина Тетово сè уште подготвува нов детален урбанистички план за оваа локација.

„За новиот план има направено јавна дебата во Советот. Поднесен е новиот ДУП во Министерството за транспорт, чекаме одлука и одобрување од нив, после пак новиот план да се обработи во Сектор за урбанизам и да донесеме одлука Советот да биде во сила“, истакна Дурмиши.

Новиот ДУП за блокот беше претставен во октомври 2023 година, а Дурмиши тврди дека наместо 34.494 квадратни метри станбена површина, ќе има 28.500, како и дека со новиот план ќе има 3.591 метри квадратни простор за зеленило и рекреација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ