„Одлуката беше усвоена денеска на седница на Советот, откако советниците од македонската партија – Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ) побараа точката да биде ставена на дневен ред. Како што наведоа, иницијативата произлегува од загриженоста за можните етнички и еколошки последици, влијанието врз туризмот и долгорочниот развој на регионот“, рече Колефски за МИА.
Во расправата сите советници без исклучок беа против реализацијата на проектот, нагласувајќи дека Општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да биде третирана со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.
Според Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026–2028 година, што албанската Влада го усвои во декември минатата година, планирана е изградба на 20 вакви центри, од нив три во Пустец.
Против веќе се изјаснија сите македонски друштва а МАЕИ, минатиот месец поднесе и тужба до Управниот суд во Тирана против албанската Влада.
Сите тие бараат изземање на Општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население и претставува „директен удар врз македонската заедница во Албанија”.
МИА






