петок, 11 јули 2025
Куманово веќе трета година организира бесплатен превоз

Советот на општина Куманово утре ќе одлучува дали ќе продолжи бесплатниот автобуски превоз

Советот на општина Куманово, утре ќе ја разгледа одлуката за дополнително субвенционирање на бесплатниот автобуски превоз, наменет за сите граѓани, информираа денеска од општината.

Објавено на

часот

Сподели

„Утре има ребаланс на буџетот во кој се предвидени и средства за продолжување на јавниот градски превоз за наредни четири месеци, заклучно со октомври годинава. Вклучени се сите релации и онаа до село Клечовце. Ќе побарам поддршка и со оглед на заинтересираноста на граѓаните се покажа како мерка од исклучително значење за граѓаните“, рече претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.

Опозицијата реагираше и побара да се субвенционира половина од определената сума, останатите средства да се вложат за други потреби на кумановци. Бесплатниот превоз го користат жителите од приградските средини, а дел од граѓаните сметаат дека е прескап проект кој е во интерес исклучиво на жителите од неколку населби.

 

„Имаме реакции, стигнуваат и до нас, дека не е климатизирано, на одредени релации има повеќе патници. Реакции има и од средношколците. По истекувањето на договорот на тендерска постапка може да се воведат и некои линии на овие релации за кои има најмногу интерес“, изјави Ѓорѓиевска.

Дел од граѓаните кои го користат пак велат дека некои ја злоупотребуваат мерката, се возат постојано, создаваат метеж и бараат од превозниците, учениците да имаат предност при користење на превозот во термините кога почнува првата и втората смена во средните и основните училишта од градот.

Општината ја правда одлуката како оправдана, укажувајќи дека се ублажила енергетската криза подобрен е на семејниот буџет, намален е на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и мерката има позитивни ефекти во однос на намалување на аерозагадувањето.

Според податоците на општината превозот го користат од 12 до 16.000 жители.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ