среда, 8 април 2026

Советот на јавните обвинители ја констатираше оставката на Ленче Ристоска од функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје

Советот на јавните обвинители на денешната 42-ра седница го усвои барањето на Ленче Ристоска за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Советот, Башким Бесими, информира дека Ристоска на 2 април годинава поднела барање за престанок на функцијата јавен обвинител по сопствено барање.

„Овде нема расправа, констатирам дека е усвоено барањето за престанок на функцијата на Ленче Ристоска“, изјави Бесими.

Советот претходно донесе одлука за продолжување на функцијата на Кети Петкова додека ѝ трае мандатот како член на Советот до 26 јули 2027 година.

На денешната седница Советот ја разгледа и едногласно ја прифати писмената изјава за продолжување на вршењето на функцијата во согласност со Законот за работните односи на членот на Советот, Кети Петкова.

Претседателот на Советот, Бесими, информира дека на 26 март годинава добиле одговор од Собранието, со кој се известени дека во согласност со Законот за Советот на ЈО,  може да ѝ го продолжи мандатот.

Светлана Стојковиќ изјави дека колешката Петкова на 15 август годинава ги испопнува условите за старосна пензија, а во согласност со законот има право да побара продолжување на функцијата, додека ѝ трае мандатот до 26 јули 2027 година.

Петкова, во согласност со законот, се иззема од оваа точка и не учествуваше во расправата.

Советот, на денешната седница едногласно донесе одлука за престанок на функцијата јавен обвинител во ОЈО Скопје за јавниот обвинител Џулијана Мишевска, поради исполнување услови за старосна пензија.

Прашан како ги коментира причините за оставката на Ристоска, Бесими во изјава за медиумите по седницата, посочи дека нема да коментира никакви причини, бидејќи во согласност со законот, Советот само констатира престанок на функцијата.

„Тоа е нејзина одлука. Ние само констатираме оставка. Не коментирам изјави на колешката… Во согласност со законот, има право, во секое време, секој обвинител да поднесе барање за повлекување, ние само констатираме“, изјави Бесими. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ