сабота, 14 јуни 2025

Советникот на Таравари го повика членството „да не дозволи АА да оди во туѓи прегратки“

Сабри Азири, член на претседателството на Алијансата за Албанците и политички советник на Арбен Таравари во Министерството за здравството, се спротивстави на одлуката на партијата да излезе од владата. Преку објава на социјалните мрежи тој истакна дека на последниот состанок на претседателството го повикал членството да му се придружат во продолжувањето на вистинскиот пат на АА, за кој го добиле мандатот од гласачите, објави весникот на албански јазик „Лајм“.

Објавено на

часот

Сподели

Весникот ја пренесува објавата на Сабри Азири преку фејсбук, во која тој порачува: „Алијансата за Албанците е над сè! Нашите цели се градење функционална држава, борба против криминалот и посветеност на реформската агенда. Ова е адресата каде  оди секој граѓанин, кој се стреми кон европската перспектива на оваа мала и страдална земја. Наша должност е да не ги оставаме нашите граѓани и нашите гласачи на милоста на другите, да ги предаваме во туѓи раце. Народот и гласачите ни го дадоа својот глас, за да ги претставиме во најдобро светло. Да не ги разочараме!

На последниот партиски состанок пред највисоките партиски органи јавно реков: Кој сака нека дојде со мене заедно да ја водиме Алијансата за Албанците во насоката за која гласачите ни го дадоа мандатот. Ги повикав: Дојдете, за да одиме напред!

Секој што има друга идеја – нека продолжи по друг пат! Јас и оние како мене нема да дозволиме повторно да бидеме поделени, ниту да ја предадеме Алијансата за Албанците во прегратките на другите!“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ