четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Совет на Град Скопје: ВМРО-ДПМНЕ 18 советници, Вреди, НАИ и Левица по 6, СДСМ 5, ЗНАМ и Искуство за успех по 1 и двајца независни

Според првичните резултати од обработени 99,93 отсто од гласовите во Советот на Град Скопје најмногу советници ќе има ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 18 советници. По шест советници ќе имаат коалицијата Вреди, Националната алијанса за интеграција и Левица. СДСМ ќе има пет, а еден советник ќе има и ЗНАМ. Во 45 члениот совет на Градот Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.

Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,93 отсто од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани или 39,43 отсто, а за Мециновиќ 30.659 или 13,20 отсто.

Зад нив следуваат Башким Бакиу од Вреди со 27.864 гласови (12 отсто), Каја Шукова од СДСМ со 26.714 (11,50 отсто) и Скендер Реџепи од НАИ со 26.062 (12,22 отсто).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ