понеделник, 7 април 2025

Состојбата на 14-те пациенти од пожарот во Кочани во бугарските болници е сериозна

Бугарија вчера прими 14 повредени од големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според информациите од трите медицински установи во Софија, Пловдив и Варна, пациентите се во тешка состојба со изгореници и вдишани опасни гасови, соопшти Министерството за здравство на Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Осум лица се сместени во „Н. И. Пирогов“ во Софија . Тројца од нив се малолетни на возраст од 15 и 16 години. Останатите пет се на возраст од 19 до 31 година. Петмина се интубирани.
Тројца се хоспитализирани во болницата во Варна, на возраст од 17, 20 и 25 години. Двајца од нив се на механичка вентилација.
Тројца од повредените се во Пловдив. Тие се на возраст од 19, 21 и 49 години, со изгореници од втор и трет степен и вдишани опасни гасови.
Министерството за здравство на Бугарија обезбеди 24-часовна телефонска линија за состојбата на пациентите – 02/ 8050 300.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ