среда, 4 февруари 2026

Состанок за Реформската агенда вечерва во Владата

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски.

Објавено на

часот

Сподели

„Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на правото и подобрување на животниот стандард на граѓаните“, објави Мицкоски на Фејсбук страницата.

Тој наведува дека реформите не се декларација, туку обврска, процес што бара одговорност, соработка и јасна визија за иднината.

„Продолжуваме посветено да работиме на реални и одржливи решенија“, додава премиерот во објавата на Фејсбук.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ