среда, 13 август 2025

Сопственикот на депонијата во Визбегово нападна новинарска екипа, ја скрши камерата, телефоните ги фрли во пожарот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува денешниот физички напад врз новинарската екипа на телевизијата Алсат М, која известуваше за големиот пожар на дивата депонија во скопско Визбегово.

Објавено на

часот

Сподели

„Според информациите од колегите, новинарот Авни Тахири и снимателот Шенол Хајредини од екипата биле физички нападнати од лице сопственик на отпадот за кој се смета дека го предизвикал пожарот. Напаѓачот насилно му го одзел мобилниот телефон на новинарот Тахири и го фрлил во огнот, а снимателот Шенол Хајредини бил исто така нападнат и му била скршена камерата. Лицето е уапсено од страна на Министерството за внатрешни работи, а случајот е пријавен во МВР“, соопшти ЗНМ.

ЗНМ е во комуникација со контакт точките во МВР и ОЈО за заштита на новинарите и медиумските работници.

„Потсетуваме дека со последните измени во Кривичниот законик секој напад врз новинари при извршување на нивната професионална задача е сериозно кривично дело за кое се предвидени законски казни. Очекуваме од институциите брза и ефикасна истрага, со соодветна санкција за напаѓачот“, велат од ЗНМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ