Како што рече денеска Николски, по посетата на владиниот тим на Обединетите Арапски Емирати на средината на април годинава од таму веќе доаѓаат инвеститори во Македонија и има доста можности и простор за соработка.
„Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ калифа и на Дубаи мол веќе ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид. Мислам дека треба да се отвориме кон овој свет, има доста можности и простор за соработка“, рече Николоски во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.
На средбата на Николоски со претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан, како што објави тој претходно, биле отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори, транспортот и инфраструктурата, туризмот, земјоделството и енергетиката. Тој тогаш соопшти и дека договараат летови со Ер Арабија.
„Имаме бројни средби ќе потпишеме неколку договори за економска соработка. Зборуваме и за директно спојување, веќе имаме договор со ‘Флај Дубаи’ за лет Дубаи – Скопје кој наскоро треба да започне, а зборуваме и со ‘Ер Арабија’ за отворање на најмалку два лета од кој еден се надевам дека ќе биде кон охридскиот регион со што дополнително би се развил туризмот“, изјави Николоски на 15 април годинава.






