понеделник, 29 декември 2025
По изјавата на министерот за внатрешни работи

Сопругата на починатиот Андреј од ДНК: Со лагата дека бендот ја донел пиротехниката за концертот се штитат други лица

Наталија Ѓорѓиеска, сопруга на трагично загинатиот член на бендот ДНК Андреј Ѓорѓиески преку Фејсбук и се обрати до јавноста и порача дека лага е дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, а со таа изјава само се штитат други лица кој треба да се зад решетки. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес на прес-конференција изјави дека бендот ДНК ја донел пиротехниката во дискотеката во Кочани, а таа доведе до страотниот пожар. Но, сопругата на починатиот Андреј, вели нешто сосема друго.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете. Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со најнехуман однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив. Од медиумите, кои пренесуваат лажни информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов. Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, јавно ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност. Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, Не штитете некој што треба да е зад решетки. Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите“ пишува Ѓорѓиеска на фејсбук.

Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК, како што веќе објавивме загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Животот го загубија и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал.

Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев. Владимир Блажев Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е во болница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ