понеделник, 8 декември 2025

За ВМРО-ДПМНЕ мерките на Владата се премалку и задоцнети, порачуваат да се види примерот на Србија

Објавено на

часот

Сподели

Според партијата, дел од, како што вели, таканаречените мерки се само советодавни кон граѓаните, или мерки за кои треба месеци за да се реализираат

„На граѓаните не им треба гол популизам, туку видливи и реални мерки кои ќе им помогнат да го пребродат овој кризен период. Нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална власт мисли само на грабеж, тендери и партиски вработувања на грбот на сите граѓани.

СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1.000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните.

За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра”, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека власта на Ковачевски не го прифатила предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кој што никој не го разбрал и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на цената на дериватите.

Од партијата уште ја повикуваат власта, „доколку сака да им помогне на граѓаните да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата” и повторуваат дека најрационално решение било брзи парламентарни избори.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ